Комесарот за добрососедство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари – објави БГНЕС.
Средбата ќе се одржи неделава во Брисел на барање на македонските Бугари поради, како што велат тие, институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив во Република Македонија. Барањето разговор со Вархеји доаѓа една недела по претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Македонските Бугари во своето писмо до еврокомесарот Вархеи истакнаа дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.
„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашиме, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“ – се вели во писмото.