More

    Валкана пена ги избрка туристите од Истра

    spot_img

    Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ)

    Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C.

    Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.

     

    Читателка на хрватскиот портал 24сата, која веќе седум дена е во Ровињ, изјавила дека планирала да остане уште седум дена, но не знае дали ќе биде можно, бидејќи, како што вели, плажите се многу валкани.

    Таа додава дека била на три плажи и сите три изгледаат страшно, толку што и странските и домашните туристи се згрозени. Читателката испратила неколку фотографии и видеа на кои се гледа дека на површината на морето „плови нешто кафено“ .

    – Повеќето од плажите се речиси преполни, а ретко кој плива во морето. Нечистотијата останува на костимите за капење, тешко се отстранува, некои од туристиотецсе обидуваат да ја растераат пената и нечистотијата, но безуспешно – вели таа.

    Порталот напоменува дека за слична ситуација ги контактирале и многу други домашни туристи, од места низ цела Истра и испратиле фотографии и видеа од валканата површина на морето во крајбрежните делови.

    Хрватските медиуми повикувајчи се на информациите од Министерството за заштита на животната средина, посочуваат дека водата на морето во Хрватска се проверува два пати месечно и дека сите неодамнешни тестови на примероци од вода, спроведени за следење на чистотата на морето и плажите во Ровињ, покажале дека водата е со одличен квалитет.Во овој случај, наведуваат, се работи за веќе потврден случај на цутење на морето, кое е најизразено кај Ровињ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img