Речиси половина од медот што се увезува во Европската унија е лажен, односно содржи голема количина сируп, покажа последната анализа на Европската комисија што е повеќе од ланските податоци.
Анализата покажа дека 46% од 320 примероци увезен мед по случаен избор земени во периодот од ноември 2021 до февруари 2022 година и анализирани биле „веројатно фалсификувани“ што е спротивно на Директивата на ЕУ за мед.
Медот природно содржи шеќери и според правилата на ЕУ за ова прашање, тој мора да остане чист, што значи дека не може да се додаваат никакви состојки во него.
Најголемиот број сомнителни пратки потекнуваат од Кина (74%), но медот со потекло од Турција има најголем релативен удел на сомнителни примероци (93%). Според анализата, медот увезен од Велика Британија имаше уште поголема стапка на сомневање (100%), за што истражувачите велат дека веројатно е резултат на медот произведен во други земји што дополнително се мешал во Британија пред да биде реекспортиран во ЕУ.
ЕУ увезува околу 40 отсто мед од трети земји.