В недела новиот грчки парламент ќе се состане, а в понеделник ќе се распушти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новиот парламентарен состав во Грција што произлезе од изборите, според грчките медиуми, се очекува в недела на 28 мај, наместо на 1 јуни да одржи седница, да положи свечена заклетва, а ден подоцна да се распушти во пресрет на новиот изборен процес, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателскиот декрет од 22 април за распуштање на Парламентот, предвидува пратениците првата седница да ја одржи на 1 јуни, меѓутоа, како што пишуваат медиумите во Грција, со оглед на тоа што формалните процедури се одвиваат со забрзан ритам, се очекува да биде издаден нов декрет или да се измени постоечкиот за првата седница да се свика четири дена порано.

Според државната телевизија ЕРТ пратениците ќе положат свечена заклетва в недела попладне, в понеделник ќе се изберат претседателот и замениците, а истиот ден ќе биде издаден и новиот претседателски декрет за распуштање на Парламентот и распишување избори на 25 јуни.
Потоа ќе следи и формирање службена Влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на избори.

На позицијата премиер во службената Влада ќе дојде еден од претседателите на трите врховни судови, а веројатно тоа ќе биде претседателот на Ревизорскиот суд Јоанис Салмас.

Во Грција во тек е формалната процедура на доделување мандати на претседателите на првите три партии, а досега лидерите на Нова демократија и СИРИЗА ги вратија поради неможноста да формираат Влада.

Попладнево мандатот оди во рацете на претседателот на ПАСОК- Движење на промена, партијата која го освои третото место на парламентарните избори во неделата, но и овој обид ќе биде неуспешен.

Share This Article