More

    Цариниците ќе штрајкуваат

    spot_img

    Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, в вторник и в среда ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царински службеници, објавува МИА.

    Дводневниот штрајк на цариниците во Грција ќе започне утре во 6 часот наутро, се очекува целосно прекинување на сообраќајот на граничните премини од и кон Грција, за товарните возила и за секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

    Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за МИА објаснуваат дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците.

    За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки коишто поради чувствителноста мора веднаш да се пренесат, а за автомобилите, доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.

    Границата само ќе смее да се помине пеш, иако не е исклучена можноста, во случај да се создадат колони автомобили, да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img