More

    Рама во Грција без согласност на грчките власти одржа митинг за своите приврзаници во арената „Галачи“ во Атина, а потоа на својот „Фејсбук“ профил и објви видео од настанот

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама вчера во Грција без согласност на грчките власти одржа митинг за своите приврзаници во арената „Галачи“ во Атина, а потоа на својот „Фејсбук“ профил и објви видео од настанот. Информација од настанот објави и објави грчкиот весник Екатимерини.

    Овој настан, кој предизвика нови тензии во грчко-албанските односи, Рама го окарактеризира како приватна посета.

    – Грција е демократска земја. Ова не можеше да го спречи лидерот да оствари приватна посета и да разговара со своите сонародници. Тоа прашање можеби привлече повеќе внимание отколку што требаше, но не е вистинскиот момент пред европските избори – рече Рама.

    На митингот тој изјави дека „Албанците во Атина станаа гордост на Албанија во овој дел од Европа“.

    – Вие сте најголемиот, најсилниот, најубавиот доказ за оваа поврзаност со милиони нераскинливи нишки на два народа. Ниту еден ваш проблем не се разликува од кој било проблем на граѓаните на Албанија. Во ниту еден случај албанската држава на етничките Грци не им го ускрати правото на вера, јазик или сопственост. Ним никогаш не им беше ускратено правото на глас поради нивното потекло – изјави тој.

    Инаку, Рама пред неколку дена на својот профил на „Фејсбук“ ја најави посетата на 12 мај, при што напиша дека „ги поканува оние што се во Атина да присуствуваат на средбата што ја очекува“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img