Утре ќе се гласа дали учениците ќе ги симнат маските, министерот вели дека сѐ уште е рано

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Чекаме да биде закажан состанок на Генералниот кризен штаб, и ако тој се одржи, на утрешната седница на Владата очекуваме да бидат изгласани препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и таа за ослободување од носењето маски на учениците од основните училишта, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали.

Претходната епидемиолошка недела, појасни министерот, не е показател во каква епидемиолошка состојба сме, а врз основа на тие податоци одлучуваме за идната недела.

– Имаше точки кои ние ги донесовме како Комисија, но не избрзавме со гласање или преминување како одлука на Влада, затоа што состојбата во идната недела наложуваше дека можеби би можеле да се вратиме на претходната состојба. За да не излеземе несериозни, а одлуката на Влада е правосилна и треба да се имплементира во секојдневното функционирање на сите институции некогаш не избрзуваме со тоа што чекаме и следната недела како ќе постапиме, а потоа две одлуки ги поминуваме на Кризниот штаб, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по означување на почетокот на караванот за вакцинација против ковид-19 во Шуто Оризари.

Тој посочи дека посакува да се ослободиме од маските, меѓутоа, како што додаде, реалната состојба не го вели тоа.

– Секој ден има од  250 до 300 новоинфицирани што значи сѐ уште не сме на нивото што го посакуваме. Новоинфицираните ни се показател дека сѐ уште вирусот кружи низ населението. Според податоците ние сме во зелена зона, но не сме сѐ уште за симнување на маските – додаде Сали.

Share This Article