More

    Габер-Дамјановска и Ристова не ги добија потребните гласови во последниот избор

    spot_img

    Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) останува без нов директор откако на последниот оглас од месец август актуелната директората Наташа Габер-Дајмановска и судијката Оља Ристова од Кривичниот суд не ги добија потребните гласови, јавува Канал 5. Сега се очекува АСЈО да распише нов оглас. Завршената академија е еден од главните услови за да се стане судија или јавен обвинител во земјава.

    Додека Габер-Дамјановска вели дека пак ќе се кандидира, Оља Ристова реагира дека постапката треба да биде поотворена, а  за да се стесни изборот кандидатот да доставува предлог за четиригодишна програма во својот иден мандат, да даде идејно решение за тековните проблеми, да достави три препораки за своите менаџерски способности и да биде интервјуиран од Управниот одбор на Академијата.

    Со сегашните критериуми, изборот на судии е голем. Најмалку 300 судии и јавни обвинители во Македонија ги исполнуваат условите за аплицирање.

    Кон крајот на годината се очекува последната генерација од околу 60 кандидати да пополнат дел од празните места во судовите и обвинителствата, а досега најбројните генерации да ги завршат обуките за две години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img