More

    Уште 20 отсто работа до завршување на браната Конско

    spot_img

    Навремено обезбедување чиста вода за наводнување на нови 4.000 хектари земјоделски површини е клучната функција на браната „Конско“ како дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“, за чија изградба веќе се завршени 80 отсто од градежните работи. Освен за наводнување, акумулацијата ќе се користи за производство на електрична енергија, но и за развој на туризмот, риболовот, спортот и рекреацијата.

    Премиерот Димитар Ковачевски, кој денска изврши увид во градежните работи, истакна дека станува збор за еден од најголемите капитални проекти на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и најголем инфраструктурен проект во гевгелискиот регион каков што немало во изминативе 50 години.
    -Оваа вештачка акумулација позитивно ќе влијае на регионот од повеќе аспекти. Клучната функција на браната „Конско“ како дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“ е навремено обезбедување на чиста вода за наводнување на земјоделските површини. Со тоа се создаваат неопходните услови за развој на конкурентно земјоделство, зголемување на производството на храна и на регионалниот економски развој- рече Ковачевски.
    Тој додаде дека како Влада продолжуваат да вложуваат во секој сегмент што во оваа светска криза ќе придонесе за поголемо домашно производство и поттикнување на економијата.
    – Oваа брана, заедно со останатите инвестиции во водостопанството, како што е и изградбата на системите за наводнување се дел од Националниот план за производство на храна, што за прв пат го донесе оваа Влада, како план кој на среден и долг рок ќе значи зголемено производство на домашна храна и увозна независност – рече премиерот.
    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека инвестицијата на браната „Конско“ од 40 милиони евра е од институцијата со која тој раководи и Програмата за рурален развој.
    -Со средствата кои се вложени токму овде, во општина Гевгелија за изградба на браната „Конско“, што подразбира и ново вештачко езеро/акумулација и нов систем за наводнување со кој се опфатени околу 4.000 хектари нето земјоделски површини, наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за 5 пати. Навременето и редовно наводнување на земјоделски површини коешто ќе се овозможи со оваа брана е клучен предуслов за квалитетно производство – рече Николовски.
    Браната „Конско“ е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“, којшто опфаќа три потсистеми за наводнување – во Гевгелија, Богданци и Дојран. Со завршувањето на овој капацитет, овие три системи за наводнување заедно ќе обезбедуваат вода за вкупно 6.500 хектари нето земјоделска површина во јужниот дел на државата.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img