Унгарија од денеска претседава со Унијата

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Унгарија од денеска го презема претседавањето со ЕУ, а еден од седумте приоритети на Будимпешта ќе биде конзистентна политика, заснована на заслуги и на проширување, со порака дека ЕУ не може да биде целосна без пристапот на Западен Балкан во блокот.

Покрај проширувањето, приоритети на унгарското претседателство ќе бидат конкурентноста, одбраната, илегалната миграција, регионалниот развој, земјоделската политика и демографијата, се наведува на веб-страницата на Претседателството.

„ЕУ долго време беше ангажирана во обезбедувањето европска перспектива за Западен Балкан бидејќи заедницата не може да биде целосна без пристапувањето на овој регион. Интеграцијата на регионот носи придобивки за Европската унија во економска, безбедносна и геополитичка смисла“, пишува на веб-страницата.

Со цел понатамошно проширување и продлабочување на соработката, се додава, партнерите ќе бидат поканети на консултации и во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан и во рамките на Европската политичка заедница.

Останатите 6 приоритети на унгарското претседателство се однесуваат на новиот европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, спречување илегална миграција, обликување на иднината на кохезионата политика на ЕУ, земјоделска политика на ЕУ ориентирана кон земјоделците и решавање на демографските предизвици.

Во делот од програмата што се однесува на акцијата на Советот за надворешни работи на ЕУ, се наведува дека стабилноста на Западен Балкан е витален интерес на ЕУ и дека унгарското претседателство затоа ќе го поддржи продлабочувањето на конкретни проекти за соработка со регионот, особено за подобрување на регионалната соработка и стабилност. Се посочува дека за време на претседавањето, Унгарија планира да организира самит ЕУ-Западен Балкан во регионот и да одржи меѓувладини конференции со земјите кандидати.

Основен интерес на ЕУ е, се истакнува, да се одржи стабилноста во непосредното соседство и регионот во догледна иднина да се приклучи на ЕУ.

Кога станува збор за заедничката безбедносна и одбранбена политика, се наведува дека за време на претседавањето, со оглед на актуелната безбедносна ситуација, Будимпешта ќе смета дека е приоритет да се обезбеди стабилност на Западен Балкан и регионот Сахел преку воените мисии на ЕУ, соработка и дијалози фокусирани на безбедноста, како и да се обезбеди поддршка преку Европскиот инструмент за мир.

Кога станува збор за телекомуникациите, се наведува дека ќе се направат напори за приближување на Западен Балкан и Грузија до роаминг зоната на ЕУ, а во програмата, меѓу другото, се посочува и важноста на интеграцијата на Западен Балкан во гарантирањето безбедност на Европа.

- Advertisement -
Ad image

Мотото на претстојното шестмесечно унгарско претседавање со ЕУ ќе биде „Да ја направиме Европа повторно голема“, изјави претходно унгарскиот министер за ЕУ ​​Јанош Бока, презентирајќи ги приоритетите и амбициите на унгарското претседателство кое доаѓа во периодот на конституирање на новото раководство во европските институции, а го презема Белгија, која во изминатите 6 месеци успеа да затвори над 60 законски предлози.

За време на белгиското претседателство, ЕУ успеа да најде консензус за нова финансиска поддршка за Украина, вклучувајќи ги и замрзнатите руски средства. Официјално беа отворени пристапните преговори со Украина и Молдавија, беа усвоени 13-тиот и 14-тиот пакет санкции против Русија.

Унгарија ќе претседава со ЕУ од 1 јули до 31 декември 2024 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article