More

    „Унгарија не е против членството на Шведска во НАТО“

    spot_img

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му соопшти на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека неговата влада го поддржува членството на Шведска во Алијансата.

    Во објава на платформата Икс, Орбан додаде дека во телефонски разговор му кажал на Столтенберг дека ќе продолжи да апелира до унгарскиот Парламент да гласа за влезот на Шведска во НАТО и да ја заврши ратификацијата во првата можна прилика, пренесуваат британските медиуми.

    Столтенберг ја поздрави одлуката на Унгарија јасно да го поддржи пристапувањето на Шведска во Алијансата и наскоро ќе ја ратификува нејзината кандидатура.

    „Добар разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Ја поздравувам јасната поддршка на премиерот и неговата влада за членството на Шведска во НАТО. Со нетрпение очекувам да се ратификува веднаш штом парламентот повторно ќе се состане“, објави Столтенберг во својата објава на платформата Икс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img