More

    Украинците тврдат дека Русите ги носат телата во камиони и ги палат

    spot_img

    Мртвите руски војници „речиси постојано се кремираат“ во близина на Мелитопол, изјави украински официјален претставник.

    – Московските сили ги транспортираат телата на загинатите војници во камиони и ги палат на отворено подрачје на градот – тврди заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.

    Украинската министерка вели дека загинатите луѓе биле пренесени од Керсон, кој е оддалечен повеќе од 160 километри.

    -Командата на руските окупаторски сили се обидува да ги сокрие вистинските човечки загуби и врши погребување на привремено окупираните територии, без да ги транспортира посмртните останки во Русија – истакна Малиар на Телеграм.

    Локалното население веќе подолго време го чувствува карактеристичниот чад, пишува Sky News. Во февруари, британското Министерство за одбрана процени дека меѓу 40.000 и 60.000 руски војници биле убиени во првите 12 месеци од војната. Минатиот месец, истрагата на два независни руски медиуми – Медуза и Медиазоне – користеше статистички моделирање и откри дека загинале 47.000 војници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img