Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка” денеска во 18 часот ќе излезе на протест против денешните руски масовни гранатирања на градови во Украина.
„Денеска, на 10 октомври, во 18 часот ќе започне протестот пред Руската амбасада во Скопје. Ќе излеземе на протест против денешните руски масовни гранатирања на градови во Украина. Ве молиме да го поддржите настанот“, наведено е во соопштението.