Снимката од украински војници кои се мајтапат со имињата на рускиот екс-министер за одбрана Сергеј Шојгу и доскорешниот руски прв генерал Валериј Герасимов брзо се прошири по социјалните мрежи. Украинските војници тврдат дека се наоѓаат во командно место кое го освоиле во регионот Курск.
– Баравме два тенкови! – вели еден од нив.
– Земи пенкало и запиши – вели друг.
Украина денеска соопшти дека нејзините војници напредуваат во офанзивата во Курск. Тоа е најголем странски напад во Русија од Втората светска војна.
Видеото беше објавено на профилот на WarTranslated од блогерот Дмитри Масински.