Најмалку 20 луѓе останаа заробени во урнатините откако силна експлозија уништи трикатна станбена зграда во населбата Маријахоев во холандскиот град Хаг.
Експлозијата се случила утринава во 6:15 часот, по што избувнал пожар и делови од зградата се урнале, а пет до седум станови биле целосно уништени, пишува „Ан-Ел Тајмс“ (NL Times).
Поради големиот облак од чад, граѓаните во околните згради беа повикани да ги затворат прозорците и вратите и да ја исклучат вентилацијата.
Досега најмалку четири лица се спасени и пренесени во блиските болници.
Експлозијата предизвика сериозна штета и на околните згради, а неколку улици во областа беа затворени од безбедносни причини.
Истрагата за причините за експлозијата е во тек.