Украински ракети го погодија седиштето на руската црноморска флота

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска одекна силна експлозија во Севастопол, најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше припоен од Русите во 2014 година и клучното пристаниште, каде што се наоѓа седиштето на руската Црноморска флота.

Севастопол од неодамна е често мета на украински воени беспилотни летала и крстаречки ракети. Според фотографиите и видеата кои денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде често се наоѓаат руски воени бродови.

Неофицијалните канали на Твитер, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, при што локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.

– Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол. По ударот избувна пожар – изјави локалниот проруски гувернер Михаил Развозаев.

Развозајев додаде дека, иако е означен крајот на воздушната тревога, можен е нов напад и ги повика граѓаните да го избегнуваат центарот на градот, каде што се наоѓа седиштето на Црноморската флота.

 

-Пожарникарите се на терен – изјави прорускиот гувернер, додавајќи дека парче шрапнел од експлозијата паднало во близина на театарот Луначарски.

 

Руската прорежимска новинска агенција ТАСС објави дека остатоци се расфрлани на „стотици метри“ од местото на ударот. Истата агенција наведува дека биле забележани голем број возила на итната помош како брзаат кон местото на нападот.

- Advertisement -
Ad image

Од руското Министерство за одбрана преку руската агенција РИА првично беше објавено дека еден припадник на вооружените сили е убиен во нападот, но набрзо потоа Министерстото објави нов извештај во кој се наведува дека војникот е исчезнат.

Share This Article