Во експлозијата на три руски ракети што денеска го погодија осмиот кат од станбена зграда во центарот на градот Чернигов на северот на Украина, загинаа најмалку осум лица, а 18 се повредени, соопшти градоначалникот Олександар Ломако.
Чернигов се наоѓа во близина на тромеѓето на Украина со Русија и Белорусија, на околу 150 километри од главниот град Киев.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е соборено над регионот Мордовија, приближно 350 километри источно од Москва. Тоа е 700 километри од украинската граница.