More

    Украински дрон го погоди „Ивановец“

    spot_img

    Припадници на специјалната единица „Група 13“ на украинската Воена разузнавачка служба (ГУР) синоќа ја уништиле корветата „Ивановец“, соопштија украинските разузнавачи.

    Тие истакнаа дека вредноста на изгубениот брод се проценува на приближно 60-70 милиони американски долари. Станува збор за брод со наведувани проектили.

    „Операцијата беше овозможена со поддршка на Министерството за дигитална трансформација на Украина и платформата United24“, соопштија тие.

    „United24“ е платформа управувана од украинската влада, покрената на 5 мај 2022 година за да се соберат пари за украинската војска.

    „Непријателскиот брод се наоѓаше на езерото Донузлав во привремено окупираниот Крим“, истакнаа украинските разузнавачи.

    „Како резултат на серија директни удари на трупот, рускиот брод претрпе критична штета што предизвика бродот да се навали и да потоне“, додаваат тие.

    Притоа споделија и двеминутно видео кое покажува како се одвивала операцијата. На снимката се гледа како бродот неуспешно се обидува да уништи поморски дрон кој му се приближува.

    „Украинска правда“ пишува дека операциите за пребарување и спасување на руските војници од езерото, според првите извештаи, биле неуспешни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img