More

    ЛИЧНИТЕ КАРТИ ЧЕКАЈТЕ ГИ ДОМА, А ЗА ПАСОШИТЕ ФАЌАЈТЕ РЕД!

    spot_img

    Доколку се имате фотографирано за нова лична карта или за возачка дозвола со „Северна“ по Нова година, очекувајте полициски службеници да ви дојдат на домашна адреса и да ви ги достават готовите документи. Граѓаните нема потреба веќе да чекаат со часови во просториите на МРТВ за да ги подигнат, бидејќи пилот-проектот на МВР функционира одлично, велат од Министерството за Плусинфо.

    Овој пилот-проект во моментов се спроведува само на територијата на Скопје и она што е важно е што документите не се испраќаат преку пошта, туку полициските службеници ги носат дома кај граѓанинот. Но, ова не важи за пасошите и тие мора да се подигнат на шалтерите на МВР.

    – Со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започнавме со имплементација на пилот-проект на територијата на Скопје за доставување готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса. Во периодот откога дозволивме фотографирање без закажување, имавме многу пријавени, па поради тоа можевме да забележиме дека граѓаните чекаат со часови во просториите на МРТВ за да ги подигнат – нè информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

    Тој за Плусинфо ја објасни целата процедура како се реализира овој пилот-проект и кои граѓани може да очекуваат полициски службеник да им заѕвони на врата.

    – Процедурата е многу е едноставна и веќе дава позитивни резултати, па така од страна на полициските службеници досега на домашна адреса се доставени повеќе од 1.000 документи. Во полициските станици се носат последните готови лични документи. На пример, лицата кои се имаат фотографирано на 10 јануари може да очекуваат дека полициски службеник ќе дојде да им ги достави. Како што ќе се врши доставата според направените документи, така ќе се намалува и периодот или датумот кога граѓаните се имаат фотографирано за новите документи – вели портпаролот на МВР.

    Ангеловски истакнува дека откако личните документи ќе пристигнат во полициските станици каде што живеат граѓаните, полицајците се должни во рок од 7 дена неколку пати да поминат на домашната адреса на лицето на кое треба да му се достави личната карта или возачката. Доколку не успеат да го пронајдат дома во тој период, документите се враќаат во просториите на МРТВ.

    Од редовите на полицијата имаше реакции за овој пилот-проект, па од Синдикатот на полицијата рекоа дека незаконски се наредбите до полициските службеници да ги носат личните карти и возачките дозволи до дома.

    – Многу раководители незаконски издавале писмени наредби и ги терале на сила полициските службеници да ги носат личните карти до домовите на граѓаните. Сакам да потсетам и да укажам дека ова е спротивно на Законот за лични карти, поточно член 13. Во тој член детално и убаво е напишан начинот на којшто граѓаните треба да си ја подигнат личната карта – рече за Телма, Орце Коцески, претседател на Синдикатот на Полицијата во Македонија.

    Од МВР на ова реагираа дека остануваат на одлуката со пилот-проектот да се доставуваат готовите личите карти и возачките дозволи на пријавената адреса на живеење.

    Според податоците од МВР, до моментов со новото уставно име се издадени 1.083.048 лични карти и 1.255.782 пасоши.

    Обврската за промена на личните документи произлезе од Преспанскиот договор. Рокот е пет години од влегувањето во сила на уставните измени, а истиот истекува за нецели две недели, на 12 февруари. По овој датум, патните исправи нема да важат, додека личните карти ќе имаат важност, но само за употреба во земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img