Украинската армија соопшти дека соборила 24 беспилотни летала од вкупно 29 лансирани од Русија синоќа.
Беспилотните летала Шахед од иранско производство беа истрелани од источен Крим и соборени во јужна и централна Украина, соопшти украинската војска на Телеграм.
Во соопштението на украинските воздухопловни сили не се наведува кои се целите на петте дронови кои не беа соборени.