Украина сега ќе бара борбени авиони од четвртата генерација, како американскиот Ф-16, откако ќе обезбеди борбени тенкови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украина сега ќе бара борбени авиони од четвртата генерација, како американскиот Ф-16, откако ќе обезбеди борбени тенкови, изјави Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Украина вчера доби големо засилување на своите сили кога Германија и САД објавија дека ќе испратат тенкови во Киев, ставајќи крај на неколкунеделниот дипломатски застој околу ова прашање.

– Следната голема работа сега ќе бидат борбените авиони – изјави Сак.

Воздухопловните сили на Украина располагаат со флота од застарени борбени авиони од советската ера кои биле произведени пред Киев да прогласи независност, пред повеќе од 31 година.

Воени авиони се користат за пресретнување и напади на руски позиции.

– Ако ги добиеме (западните борбени авиони), предностите на бојното поле ќе бидат огромни… Не се работи само за Ф-16 (американски повеќенаменски борбени авиони): авиони од четврта генерација, тоа е она што го сакаме – рече Сак.

Во меѓувреме, канадската министерка за одбрана Анита Ананд изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина.

– Канада ќе ѝ испорача четири главни борбени тенкови „Леопард 2“ на Украина во наредните недели. Оваа донација, комбинирана со придонесите од сојузниците и партнерите, значително ќе им помогне на вооружените сили на Украина додека херојски се борат за одбрана на слободата и суверенитетот на својата нација. На украинските вооружени сили итно им е потребна опрема – нагласи Ананд.

Таа додаде дека тенковите ќе им овозможат на украинските војници тактичка предност и ќе и овозможат на Украина да ослободи уште повеќе од својата територија.

- Advertisement -
Ad image

Ананд посочи и дека во обуката на украинските војници ќе учествуваат одреден број припадници на канадските вооружени сили.

Share This Article