Украина: Русите бомбардираа театар полн со цивили

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градскиот совет извести дека Русите фрлиле бомба врз Драмскиот театар во Мариупол, каде што се криеле жителите. Бројот на загинатите засега не е познат.

„Авионот фрли бомба врз зграда во која се криеја стотици цивили од Мариупол. Сè уште е невозможно да се процени обемот на овој ужасен и нехуман чин бидејќи продолжува гранатирањето на станбени области во градот. Познато е дека по бомбардирањето се урна централниот дел на Драмскиот театар, а шутот го блокираше влезот во прифатилиштето кое се наоѓа во зградата“, се вели во пораката објавена на каналот на Телеграм.

Тие наведуваат дека не се знае дали има преживеани и дека урнатините го блокираат влезот.

Серхи Орлов, заменик-градоначалникот на Мариупол, изјави за Би-Би-Си дека руското бомбардирање го погодило градскиот драмски театар, каде што биле засолнети цивили.

Тој проценува дека таму имало меѓу 1.000 и 1.200 луѓе. Бројот на загинатите се уште не е познат.

Share This Article