Украински беспилотни летала беа соборени во близина на Москва, јужниот регион Ростов и југозападниот регион Брјанск во раните утрински часови во четвртокот, соопшти руската владина агенција РИА.
Според друга новинска агенција, ТАСС, три згради биле оштетени во градот Ростов на Дон, а едно лице е повредено кога еден од дронови се урнал во центарот на градот. Уште еден дрон во Ростовската област падна надвор од градот.
Во Брјанско, остатоците од еден од двата уништени беспилотни летала ги скршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, јави агенцијата Интерфакс.