Украина ја почна евакуацијата на преостанатите граѓани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинските власти почнаа да ги евакуираат граѓаните од градот Херсон, неодамна ослободен од киевските трупи по неколкумесечна руска окупација, јави ДПА.

Сто лица патувале со воз до градот Хмелницки во западна Украина, соопшти  украинското Министерство за инфраструктура. Меѓу нив има 26 деца и шест болни лица. По пристигнувањето во Хмелницки, сите евакуирани ќе добијат потврди дека се внатрешно раселени лица и државна финансиска помош.

Во средината на месецов, притиснати од украински контранапад, руските трупи кои го нападнаа и го зазедоа Херсон на почетокот на март се повлекоа од градот.

Меѓутоа, руските трупи се распоредија на позициите на спротивниот брег на реката Дњепар и оттаму гаѓаат со артилериски оган. Инфраструктурата на Херсон е уништена до тој степен што украинските власти препорачаа граѓаните привремено да го напуштат градот.

Share This Article