More

    Познатиот српски инфлуенсер ги продава своите луксузни автомобили по багателни цени

    spot_img

    Познатиот српски јутјубер Бака Прасе е на голема мака. Тој откри дека изминатиот период западнал во големи долгови, односно дека изгубил 240.000 евра поради коцкање. Поради ова тој почна да ги продава своите луксузни автомобили по драстично ниски цени.

    На Инстаграм осамнаа слики до неговиот „Мерцедес бенц АМГ“, познатото „Ламборџини“, но и кабриолетот „мерцедес“ кој неодамна ѝ го подари на својата девојка Ања Бла.

    „Изгубив многу пари и влегов во многу долгови, немам каде да заработам и не можам да се вратам додека не решам сè. Испаднав многу глупав, изгубив сè… Направив многу големо срање, не знам што да правам. Се сетив на се. Ми се гади од коцкање“, напиша јутјуберот.

    Еден од неговите најдобри пријатели, Стефан Делиќ, во поткаст на ТикТок раскажа зошто Бака не успеал со парите.

    – Вистина е. Брат, по ѓаволите. (Бака) само што почна да се забавува со тоа. Сами видовте дека потрошил 160.000 евра и многумина мислат дека тоа е шега, маркетинг… Но луѓе, гледате, знаете што купува ликот. Се навлече и тоа е најголемиот проблем кога ќе се занесеш, кога ќе те повлечат парите треба да ја држиш главата бистра. Колку имаш, толку повеќе сакаш, те влечат… А потоа сè повеќе и повеќе и повеќе и повеќе и после да го ебам, што ќе правиш… – изјави Делиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img