More

    Украина ја обезбедува границата со Белорусија

    spot_img

    Државната гранична служба на Украина наведува дека заканата од нова инвазија од територијата на Белорусија во моментов е мала, но граничарите сè уште работат на зајакнување и опремување на дополнителни позиции. Тие споделија видео на Фејсбук на кое се гледа како изгледа во моментов границата меѓу Украина и Белорусија, пишува „Украинска правда“.

    „Се наоѓаме на контролен пункт кој моментално не е во функција. Овде сè е целосно минирано. Ова е првата линија на одбрана против Белорусија. Рововите се речиси завршени. Тие се исто така опремени. Пред нас има мински полиња. Ние сме добро вкопани. Имаме послки тврдини изградени од дрво и имаме доволно оружје: митралези, фрлачи на гранати, рачни гранати и многу муниција“ – вели украинскиот граничар на објавеното видео.

    За потсетување, белорускиот претседател Александар Лукашенко им дозволи на руските сили да извршат инвазија на Украина од белоруска територија на 24 февруари минатата година. Сепак, тој одби директно да се вклучи во војната и да испрати свои војници да се борат.

    Претходно тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја турка Белорусија во војна со Украина, но предупреди дека доколку неговата земја биде нападната однадвор, ќе одговори со сите расположливи средства, вклучително и со нуклеарно оружје.

    – Ако Украинците не ја преминат нашата граница, ние никогаш нема да учествуваме во војната. Но, ние секогаш ќе и помагаме на Русија, тие се наши сојузници – изјави Лукашенко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img