Украина издаде симболична потерница за поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, како важен поддржувач на руската инвазија на Украина.
Украинското Министерство за внатрешни работи во Киев издаде налог за поглаварот на црквата, чие вистинско име е Владимир Гундјаев, кој според нивните сознанија престојува во Москва.
Гунџаев го бара украинската тајна служба СБУ, а се наведува дека од 11 ноември избегнува службени истраги.
Кирил, 77-годишниот московски патријарх, обвинет е за нарушување на територијалниот интегритет на Украина и планирање, подготвување, иницирање и спроведување агресија, објави украинската државна новинска агенција Укринформ.
Патријархот Кирил важи за близок поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин. Тој како и Путин се залага за правото на Русија да владее со соседните земји каде што живеат Руси.
Во Украина, Кирил ужива влијание врз свештенството и заедниците лојални на Московската патријаршија. Затоа, украинското раководство се обиде да ја ограничи моќта на Црквата на непријателската земја.
Според Украинската новинска агенција, СБУ и Канцеларијата на главниот обвинител на Украина отвориле кривична постапка против Кирил во ноември. Во известувањето се наведува дека патријархот Кирил е дел од рускиот владејачки круг, ја одобрува војната и ги користи украинските заедници за пропаганда.
Патријархот Кирил е добро заштитен во Москва, па ризикот од негово апсење е мал.
фото: ЕПА