Украина во среда нападна и уништи уште еден руски воен брод во Црно море, според украински воен претставник. Пред две недели, Украинската одбранбена разузнавачка служба (ХУР) потврди дека нејзините специјални единици потопиле руски ракетен брод на московската Црноморска флота на што Русија не дала одговор.
– Украинската воено разузнавачка агенција (ГУР) изврши операција на рускиот десантен брод „Цезар Куников“ како дел од заедничка операција – тврди украинскиот воен претставник.
Беспилотните летала „МАГУРА“ учествувале во операцијата, бродот е оштетен без шанси да биде поправен, а официјалниот претставник тврди дека потонал.
Овие тврдења сѐ уште не се потврдени.