Украина ги срози сите 29 лансирани беспилотни летала на Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека во текот на ноќта ги собориле сите 29 беспилотни летала лансирани од Русија над 8 украински региони, предизвикувајќи само мала штета.

„Русија, исто така, лансираше 3 наведувани ракети Кх-59 за време на нападо“т, соопштија воздухопловните сили, а пренесоа британските медиуми.

Гувернерот на централниот регион Черкаси рече дека остатоци од беспилотни летала оштетиле прозорци на приватно претпријатие, додека гувернерите на регионите на Киев, Полтава и Кировоград не пријавиле штета на инфраструктурата и нема жртви.

Гувернерот на јужниот регион Миколаев изјави дека тамошните воздушни сили собориле 5 беспилотни летала, но не кажа дали нападот предизвикал некаква штета.

Уште 8 беспилотни летала беа соборени над јужниот регион Херсон, рече гувернерот на регионот.

Во вчерашните руски напади врз тој регион во текот на изминатиот ден, едно лице загина, а 13 се повредени, рече тој.

Share This Article