More

    УХМР известува-Денес и утре се очекуваат локални поројни врнежи од дожд

    spot_img

    УХМР известува дeка во текот на попладневните и вечерните часови, како и за време на утрешниот ден, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи.

    Граѓаните претпазливо да се движат покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден, како и за време на утрешниот ден.

    Во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.

    Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.

    И во Скопската Котлина доцна попладне и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

    Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img