Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ ќе биде во официјална посета на Белград, Србија каде што ќе присуствува на ТАИЕКС настан, организиран во соработка со Министерството за европска интеграција на Република Србија.
Денес и утре во Белград се одржува ТАИЕКС работилница на министерско ниво во соработка со ТАИЕКС службата во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR) со наслов ,,Како да се постигне успех во пристапувањето кон ЕУ: најдобри искуства, стратешко планирање и ефикасна имплементација”
ТАИЕКС е механизам со која се поддржуваат проекти за Државните службеници, главно во централната јавна администрација;
Правосудните органи и органите за спроведување на законот; Државни службеници кои работат во парламенти и законодавни совети; Претставници на синдикатите и здруженијата на работодавачи.
Целта на работилницата е да споделат искуства од земјите од претходните рунди на проширување на ЕУ кои се потенцијално применливи за сегашните земји кандидати, со фокус на Кластерот 1, Фундаменти;
Да се направи преглед на конкретни примери на успешни приказни за интеграција во ЕУ (иницијативи) кои потенцијално би биле релевантни за земјите кандидати за ЕУ; и да се идентификуваат конкретни потреби за поддршка што би можеле да помогнат подобро да се насочи помошта од ЕУ или билатералната земја-членка;
Да се идентификуваат можности за понатамошна соработка помеѓу сегашните земји-членки на ЕУ и земјите кандидати или меѓу земјите кандидати;
Да се продлабочат професионалните мрежи и контакти меѓу земјите учеснички кои ќе го олеснат дијалогот и соработката во иднина.
На ТАИЕКС работилницата, учество ќе земат Вицепремиерот Маричиќ, државната секретарка Дрита Абдиу Халили и вработени во Секретаријатот за европски прашања.