More

    Маж се поли со бензин пред зградата на владата на Хрватска

    spot_img

    Маж се полил со бензин и се запалил пред зградата на Владата на Република Хрватска. Kако што дознава Јутарњи лист, повредениот се наоѓа на Клиниката за трауматологија во Драшковиќева. Тој е во тешка состојба и му е загрозен животот, а се спроведуваат мерки за интензивно лекување. Лекарите напладне ќе дадат официјална изјава за состојбата на жртвата.

    Инцидентот се случил околу 9 часот и 30 минути утринава на Марковиот плоштад.

    Очевидец за Јутарњи рекол дека во непосредна близина на зградата на Владата забележал видно растроен човек како се полева со течност.
    Обезбедувањето на хрватската Владата многу брзо било известено за овој потег, а кога повторно ги свртеле погледите кон човекот за да тргнат кон него и да го легитимираат, тој веќе бил зафатен од пожар.

    Од Јавното обвинителство на Загреб потврдија дека во 9 часот и 37 минути добиле пријава за настанот.

    „Според првите информации, лицето се запалило и на местото на настанот е испратена итната помош. Во моментов се утврдуваат сите околности на настанот“, велат кусо од полицијата.

    Просторот во круг од 50 метри околу Марковиот плоштад е затворен со лента и полицијата не пропушта луѓе, освен вработени и станари во хрватската влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img