Ученик од основно училиште во Приједор денеска донел рачна бомба во училиште, а директорот на училиштето пријавил во полиција.
АТВ откри дека се работи за тринаесетгодишен ученик, и дека бомбата била вистинска, но без детонатор.
Како што соопшти полициската управа во Приједор, бомбата на ученикот и ја одзел воспитувач.
Постапувајќи по наведената пријава, полициските службеници утврдиле дека се работи за бомба М75 (т.н. црна бомба) без почетен детонаторски дел и како таква се смета за неупотреблива и не може да претставува опасност. За наведеното е известен обвинителот на Окружното јавно обвинителство Приједор, под чиј надзор ќе се преземаат понатамошни мерки и дејствија“, соопштија од Управата на полицијата во Приједор.
Информациите за споменатиот настан ќе бидат доставени до Центарот за социјална работа Приједор.
Фото: РСБСП