More

    Убиецот на Василики ги раскажал деталите за убиството на внука си

    spot_img

    Убиството на малата Гркинка Василики, за што е осомничен нејзин чичко речиси една недела ги држи во шок жтелите на целиот Балкан и ги полни црните хроники на регионалните медиуми.

    Единаесетгодишната Василики Николопулу која во неделата исчезна од областа Миртија во Пиргос, а следниот ден беше најдена мртва на нива во областа Катарача,  во средата попладне беше погребана.

    Деновиве се откриваат грозоморни детали од сведочењето на 37-годишниот осомничен за убиството, кој е братучед на таткото на Василики.

    – Стоев во пекара и ја видов внуката. Не знам како ми се случи да ја поканам на прошетка. Се договоривме да биде во 8 навечер. Ја чекав и таа дојде по своја волја. Во мини маркетот земавме освежување. Кога стигнавме на целта, ја земав за рака и ѝ предложив да продолжам „понатаму“. Рече дека не сака и дека ќе им каже на родителите – рекол чичкото на рочиштето.

    Како што пишуваат грчките медиуми пренесувајќи го неговиот исказ, откако го одбила, тој планирал да ја силува Василики во автомобилот, но кога таа му се заканила дека ќе каже на родителите, ја убил прободувајќи ја со шрафцигер во срцето и во слезината.

    – Почнав да ја бодам со шрафцигер во вратот и во грбот. Ја фатив за коса и ја одвлеков во полето. Таму слушнав само „ах”, а потоа ништо. Ја фрлив во трските и отидов кај мајка ми – рекол убиецот.

    Според пишувањето на медиумите веднаш по убиството тој легнал да спие, па отишол на работа каде што зборувал со колегите за исчезнатото девојче, а ги тешел и нејзините родители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img