More

    Пејачот од култниот бенд ги силувал жените додека спиеле

    spot_img

    Судењето на поранешниот пејач на некогаш култната група „Спандау балет“, Рос Вилијам Вајлд (36), започна во вторникот пред судот во Лондон, откако неколку жени го обвинија за сексуална злоупотреба.

    За темната страна на пејачот се дозна пред неколку години откако жртвите одлучија да проговорат. Тој, наводно, дури и го снимал силувањето на своите жртви додека спиеле, што според судските документи, му било фантазија.

     

    Судењето започна во лондонскиот суд Вуд грин во вторникот, каде што тој е обвинет за серија сексуални злосторства против пет жени и силување на три од нив во текот на 10 години, помеѓу 2013 и 2023 година..

    Пејачот наводно ѝ рекол на една од жените дека му се допаѓа идејата да има секс со манекенка или со кукла. Исто така, се наведува дека тој снимал како ја силува првата жена во својот стан во октомври 2013 година, откако се скарале. Обвинителот Ричард Хирден пред судот рекол дека друга жена ѝ рекла на полицијата дека не била свесна дека тој ја снимал додека ги допирал нејзините гради, пишува „Дејли мејл“.

    Следниот напад се случил во Кан по филмскиот фестивал, а обвинителот Хирден го опишал инцидентот како „бизарен и развратен“.

    Обвинет е за силување на четврта жена во неговиот дом и снимање на сексуалниот чин без нејзина согласност, а таа рекла дека Вајлд ја третирал како „сексуална робинка“. Откако ја силувал, таа отишла во неговата бања каде ѝ се јавила на мајка си и ѝ шепнала дека е повредена.

    – Ме користеше како еден вид сексуална робинка. Сакаше да има секс пет или шест пати во текот на ноќта. Кога реков дека е премногу, ме принуди на секс – рекла жената на суд.

    Петтата жена дошла да престојува во неговиот дом во 2015 година, откако го запознале пејачот три години претходно на страницата за запознавање Plenty of Fish. Таа се разбудила во неговиот кревет и сфатила дека Вајд има секс со неа додека таа спие.

     

    Да потсетиме, Вајлд беше уапсен во својот дом на 30 март 2021 година и сослушан за едно од наводните силувања, два сексуални напади и тајни видеа.

    Вајд и тогаш и сега ги негирал обвинувањата и рекол дека „сè било спогодбено помеѓу него и жените“. Тој негира три точки од обвинението за силување, три точки за сексуален напад, една точка за воајеризам, една точка за заплашување и една точка за контролирано однесување, но судењето продолжува.

    Вајлд во 2018 година го замени Тони Хедли во групата „Спандау балет“ по успешната кариера во Вест Енд. Беше отпуштен по 11 месеци и тоа откако самиот изрази желба да го напушти бендот кој наводно лошо се однесувал кон него. Но, пред да им каже на сите членови дека сака да ја напушти групата, тие го отпишаа јавно, во текот на телевизиски настап.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img