Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека двајца команданти на Хезболах се убиени во воздушен напад во јужен Либан. Тајмс оф Израел пишува дека израелската армија во последните 24 часа ја гаѓала групата 110 пати од воздух.
Според војската, еден од убиените команданти бил Ахмад Мустага Алхаџ Али, одговорен за истрелување на стотици ракети и противтенковски проектили врз градот Кирјат Шмона во Израел.
Вториот убиен е Мухамед Али Хамдан, командант на противтенковскиот корпус во Меис Еј Џабал, преку границата од Кирјат Шмона. ИДФ тврдеше дека тој стои и зад многу напади врз северните населби.
Армијата, исто така, објави дека вчера и во текот на ноќта гаѓала магацини со оружје во Јужен Либан и Бејрут.