Убиена е градоначалничката на Сан Висенте, имаше само 27 години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалничката на градот Сан Висенте во Еквадор во кој дивеат банди, убиена e на 27-годишна возраст, соопшти локалната полиција.

Брижит Гарсија лани на 26-годишна возраст стана најмладата градоначалничка во јужноамериканската земја.

Таа, меѓу другото, водеше кампања за подобар пристап до вода за пиење за приближно 17.000 жители на Сан Висенте, околу 100 километри источно од Гвајакил.

Телото на Гарсија и на нејзиниот портпарол Џаиро Лоор биле откриени во саботата вечерта во автомобил на плажата на Пацификот во близина на Сан Висенте, прецизира полицијата.

„Премногу сум потресен“, напиша на Икс поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа, кој, како и Гарсија, припаѓа на левичарската партија Граѓанско револуционерно движење.

Луиза Гонзалес, која беше кандидат на партијата на ланските претседателски избори и загуби во вториот круг, напиша: „Никој не е безбеден во Еквадор“.

Лани во Еквадор беа убиени неколку политичари.

Безбедносната ситуација во Еквадор драстично е влошена. Стапката на убиства од околу 46,5 убиства на 100.000 жители лани беше највисока во историјата на земјата и една од највисоките во Латинска Америка.

Владата на претседателот Даниел Нобоа во јануари прогласи вонредна состојба, која сè уште е во сила, по повторените крвави тепачки во еквадорските затвори, од кои некои се контролирани од банди, и по бегството на водач на банда.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article