Во оружена пресметка во сараевската населба Ступ денеска е убиен шведскиот државјанин Харис Остердал, кој е познат по бројни криминални дела, а се наведува дека бил и водач на нарко мрежа во Шведска, јавија сараевските медиуми.
Пукањето се случило околу 16 часот и 30 минути, кога двајца мажи на велосипед испукале рафал кон него. Во престрелката тоа бил повреден и државјанин на БиХ.
Напаѓачите имале ранец, во кој паѓале чаурите и многу брзо побегнале од местото на пукањето.
Полицијата потврди дека едно лице е убиено, а се утврдува степенот на повреди на уште едно лице. Полицијата блокираше дел од населбата, а потрагата по напаѓачите е во тек.
Како што пишуваат шведските медиуми, Остердал бил лидер на нарко мрежата „Профит“, а пред пет години последен пат бил осуден на четири години затвор поради организирање на нарко синџир.
Покрај тоа, заедно со неговиот брат, тој е осуден и за прекршоци поврзани со употреба на оружје, поткуп, допинг, нелегално возење, како и употреба на Фејсбук за продажба на дрога.