More

    Убиен 42-годишен маж, полицијата го приведе убиецот

    spot_img

    Меѓусебна расправија во селото Подлес, општина Градско, завршила со вооружена пресметка и крвава драма во која се застрелани двајца велешани, едниот починал, а другиот со тешки повреди е пренесен во болница. Убиецот е приведен од полицијата.

    Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес. Како што информира МВР, тој вчера околу 16:10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми  кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес.

    -Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

    Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img