Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ се појави пред публиката на музичкиот фестивал Санремо под звуците на песната на Лепа Брена „Луда за тобом“.
Ова привлече големо внимание, а сега за тоа проговори и Брена.
Таа на Инстаграм сподели видео од излегувањето на Златан на сцената со нејзината песна и напиша: „Маестро“.
Потсетуваме, Ибрахимовиќ минатата година на Санремо се појави со песната на Нада Топчагиќ „Утро е“, што беше голема чест за пејачката, а подоцна Златан и се јави на Нада на неговиот роденден.