More

    Уапсени се и сите што му помагале да побегне од Србија

    spot_img

    Во Требиње, Република Српска, денеска е уапсен полицаецот Игор А. (28) од Прибој, Србија, кој е осомничен дека до смрт го претепал Еврин Ќелахметовиќ (35) во кафуле во тој град.

    По Игор, кој е вработен како полицаец во Белград, се трага од неделата наутро кога тој по убиството избега од државата. По наредба на Вишиот суд во Ужице, утрово по него е распишана потерница.

    Кобната ноќ, Игор А. во близина на кафе бар во центарот на Стари Прибој, со три тупаници во главата го удрил сограѓанинот Еврин Ќелахметовиќ. Од повредите, Ќелахметовиќ паднал и изгубил свест, а два часа подоцна починал во болницата во Прибој, поради крварење на мозокот.

    Полицијата ја уапси девојката на Игор, припадник на Граничната полиција, неговиот татко, исто така поранешен полицаец и други кои му помогнале да избега по злосторството.

    Во вторникот, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Ужице им одреди мерка притвор до 30 дена поради сомнение дека сториле кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img