Косовската полиција уапси маж во Приштина под сомнение дека со калашников пукал во автомобил во кој се наоѓале три лица.
Според полицијата, по пукањето, осомничениот го сокрил оружјето во корпа за отпадоци, кое полицијата сепак го пронашла и го одземала, јавуваат денеска приштинските медиуми.
„Осомничениот е уапсен под сомнение дека фрлил огнено оружје АК-47 во корпа за отпадоци, со кое наводно пукал во автомобил во кој имало три лица. Полициските единици го одземале оружјето и 27 куршуми, додека оштетениот автомобил е однесен на вештачење. Во полициската станица се идентификувани тројца мажи за кои постои сомневање дека биле во автомобилот во моментот на пукањето“, се вели во полициското соопштение.
Осомничениот маж по распит е приведен.