Дуан „Кефе Д“ Дејвис призна дека бил на местото на пукањето пред 27 години во кое беше убиен Тупак Шакур, и утрово беше приведен.
Полицијата во Лас Вегас уапси осомничен за убиството на Тупак Шакур во 1996 година.
Дуан ‘Кефе Д’ Дејвис беше приведен во петокот наутро.
Детали се уште не се познати.
Според АП, Дејвис одамна им бил познат на инспекторите и самиот признал во интервјуата и во своите мемоари од 2019 година, „Легендата за улицата Комптон“, дека бил во Кадилак кога се случило пукањето во септември 1996 година.
Тупак Шакур имал 25 години кога бил убиен.
Многу теории се појавија по неговата смрт; дека отпатувал да живее во Куба поради многуте контроверзии околу неговото лекување и обдукција и дека ќе се врати.
Сепак, единственото негово појавување беше пред шест години на фестивалот Коачела кога неговиот холограм се појави на сцената и „изведе“ некои хитови.