Полициски службеници на СВР Тетово синоќа околу 21:30 часот го уапсиле 74-годишниот Е.З. од тетовско село, кој дваесетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 36-годишна снаа дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет, извести СВР Тетово.
Е.З. е задржан во Полициска станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен поднесок, информира МВР.