Илјадници корисници на „Твитер“ ширум светот вчера пријавија проблеми со користењето на оваа социјална мрежа.
Компанијата објави дека има зголемен број грешки во апликацискиот програмски интерфејс и дека моментално го истражува проблемот, пренесува „Ројтерс“.
Апликацискиот програмски интерфејс или API е збир на протоколи за градење и интегрирање апликативен софтвер, а Твитер денеска имаше значителни проблеми со својата веб-страница и со апликациите, според извештаите на корисниците.
Според некои корисници на Твитер, тие се спречени да објавуваат содржини на таа социјална мрежа, а други имаат проблеми да се логираат на своите профили.