Турција со посебно барање за Шведска и Финска

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Главниот советник за надворешна политика на турскиот претседател Ибрахим Калин и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан вчера разговараа за кандидатурите за НАТО и за војната во Украина.

Калин истакна оти Турција сака „конкретни мерки“, кога станува збор за постоењето на „терористичките организации“ во Финска и во Шведска, пред да се разгледаат нивните кандидатури за влез во Алијансата, се наведува во соопштението на турското претседателство.

Во телефонскиот разговор, Калин додаде и дека земјите што сакаат да се приклучат на НАТО, мораат да „ги усогласат вредностите и принципите на Алијансата за безбедноста и борбата против тероризмот“ всушност „Шведска и Финска да преземат конкретни мерки за терористичките организации што ја загрозуваат националната сигурност на Турција“.

Белата куќа соопшти дека Саливан „изразил поддршка за продолжување на директни разговори на Турција со Шведска и со Финска, со цел да се реши загриженоста околу нивните барања за членство во НАТО, што САД цврсто поддржува“.

Турција се спротивстави на членството на Финска и Шведска во НАТО со образложение дека пружаат засолниште на припадници на Курдска работничка партија (ПКК) и други групи, кои Анкара ги оценува како терористички.

Share This Article