More

    Турција на нападот во близина на Анкара одговори со напади во Сирија и Ирак

    spot_img

    Турција на нападот во близина на Анкара одговори со напади во Сирија и Ирак
    Турската војска синоќа одговори на нападот во четвртокот врз седиштето на Турската воздушна индустрија во кој пет лица загинаа со неколку воздушни напади насочени кон курдските милитантни групи во Ирак и Сирија. Турските власти нападот го нарекоа терористички напад и одговорноста ја препишаа на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

    Турската армија во текот на ноќта изврши неколку воздушни напади во северна Сирија и северен Ирак, јавува германската новинска агенција dpa. „Уништени се 32 цели на терористите“, соопшти турската армија, додавајќи дека операциите продолжуваат.

    Турција со ова одговори на нападот во четвртокот врз просториите на Турската аероспејс индустри во близина на Анкара, во кој покрај петте загинати, 22 беа повредени, меѓу кои и седум припадници на специјалната единица.

    Турските власти нападот врз државната одбранбена компанија го нарекоа терористички акт и одговорноста за него и ја препишаа на Курдистанската работничка партија (ПКК), чии активности се забранети во Турција. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

    Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека се уште не ги идентификувале напаѓачите кои со такси возеле до седиштето на компанијата, каде што биле убиени од припадници на турските безбедносни сили по нападот. Сепак, тој додаде дека „со оглед на начинот на кој е извршен нападот, веројатно е дека станува збор за чин на ПКК“.

    Своите претпоставки ги потврди и турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

    Нападот се случил во одлучувачки момент за можната иднина на ПКК, наведува француската новинска агенција АФП. Како резултат на неколку неодамнешни настани, се чинеше дека турската политичка група се приклонува кон преговори за решавање на повеќедеценискиот конфликт со курдските милитантни групи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img