Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва го погодил округот Јенице во провинцијата Чанаккале.
Земјотресот се случил во 21:38 часот по локално време и бил почувствуван во неколку соседни провинции.
Во соопштението на АФАД се наведува дека епицентарот бил регистриран во областа Јенице и на длабочина од 10,44 километри.
Засега нема информации за последиците од земјотресот.
Министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја соопшти дека сите надлежни служби се на терен и дека засега нема извештаи за штети.
Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, соопшти дека земјотресот се почувствувал и во Истанбул и дека засега не се забележани негативни ефекти.
Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Ожасеки им посака на турските граѓани што побрзо да закрепнат од земјотресот со јачина од 4,9 степени.
– Екипите на нашите провинциски дирекции почнаа со работа на терен заедно со сите наши институции – информира Ожасеки.