More

    Турските сеизмолози алармираат на нова опасност

    spot_img

    Турската метропола Истанбул треба да почне да се подготвува за силен земјотрес и да ги мобилизира сите расположливи ресурси за да спаси животи и да ги намали економските последици, сметаат геолозите.

    Научниците со кои разговараше „Ал Џезира“ велат дека е многу веројатен силен земјотрес во најголемиот турски град, во време кога земјата жали за смртта на десетици илјади луѓе во југоисточниот дел на земјата. Научниците веруваат дека на метрополата и се заканува неизбежен силен земјотрес – можеби повеќекратен. Се постаувава прашање за подготвеноста за земјотреси во Истанбул – град кој е главен град на бизнисот и туризмот и е дом на 16 милиони луѓе.

    Сукру Ерсон, професор по геологија на Техничкиот универзитет Јилдиз, вели дека историските податоци од минатите земјотреси укажуваат дека Истанбул е близу до раседот под Мраморното Море.

    – Знаеме колку се движи раседната линија во Северна Анадолија секоја година, движењето на линијата ќе доведе до тензии на линијата што ќе предизвика земјотрес – изјави тој за Ал Џезира.

    Хусеин Алан, претседател на Комората на геолошки инженери, се согласува:

    – Земјотрес со јачина од 7 степени или поголем треба да го погоди Истанбул наскоро, судејќи според податоците што ги имаме. Раседот под Мраморното Море има капацитет да произведе два земјотреси со јачина од 7 степени за една година. Тоа го видовме во земјотресите во 1999 година, како и во други што го погодија регионот во минатото – додаде тој.

    Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на турскиот регион на Мраморното Море во август 1999 година и уби околу 7.500 луѓе. Вториот земјотрес го погоди блиското Дузче во ноември истата година и уби 845 луѓе.

    Градежните прописи во земјата беа обновени по земјотресот во 1999 година и беа подобрени прописите за сеизмички градби во Турција. Дополнително, турските власти започнаа проект за трансформација на градот за замена на старите згради со нови. Но, за време на минатонеделните земјотреси, некои новоизградени згради се урнаа, што доведе до критики дека прописите не се спроведуваат правилно. Ерсон смета дека корупцијата е многу присутна во градежниот сектор во Турција и дека „затоа има злоупотреби во некои градежни инспекции“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img