More

    Турскиот претседател покажа што знае со баскетот

    spot_img

    Во неделата, во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше отворен Центарот за развој на кошарката, кој ќе стане новиот „дом“ на кошаркарскиот спорт во Турција.

    Претседателот Ердоган не ја пропушти можноста да се забавува со публиката, шутирајќи од мала далечина и успешно постигнувајќи кош, на што присутните бурно аплаудираа.

    Центарот е изграден на површина од 70 хектари во Истанбул и главната сала има капацитет од 10.000 навивачи. Објектот вклучува и терен со 1.000 седишта за гледачи, три помали терени со по 500 места за младинските тимови, спортско средно училиште, терени за играње 3х3, хотел за тимовите и простори за одржување на настани.

    На свеченото отворање, покрај Ердоган, присуствуваа министерот за спорт Осман Аскин Бак, министерот за животна средина Мурат Курум и претседателот на Турската кошаркарска федерација Хидагет Туркоглу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img